X
 10.06.2015 Економија

Темните тајни на претприемништвото

Приказните за „прекуноќни“ успеси на лидерите даваат чувство дека ќе доживеете успех во работата веднаш штом ќе започнете.

 

претприемач


Позитивните и возбудливите елементи на претприемништвото секако се вистинити, но мора да знаете дека постои и темна страна на претприемништвото - тоа не е само забава и игра и успех преку ноќ. Тоа е производ на исцрпувачка работа и години пракса и неуспех.

Пред да започнете да се занимавата со претприемништво, ќе мора да се соочите со неговите мрачни тајни.

1. Нема да се збогатите одма

Зголемувањето на капиталот за бизнисот е напорна работа. Ќе потрошите многу повеќе отколку што ќе успеете да заработите и веројатно нема да можете да исплатите плата во првите неколку месеци. Ќе мора да се потприте на лична заштеда која ќе треба да ги покрие основните трошоци за живот, со надеж дека целиот труд и напорна работа ќе се исплати во иднина.

2. Вашиот приватен живот ќе биде во втор план


Без разлика на тоа што приватниот живот сте го ставале на прво место, штом ќе започнете со приватен бизнис, тогаш животот оди во втор план. Ќе работите по цел ден, некогаш и од дома и ќе мора да бидете достапни 24 часа на ден. Постојано ќе бидете под стрес бидејќи ќе размислувате за проблемите на работа.

3. Ќе ги држите конците во рака, и ќе ви биде доста стресно

Како извршен директор на сопствената компанија, ќе мора да извршувате повеќе работи истовремено. Ќе го работите и тоа што го сакате и тоа што не го сакате. Ќе морате да бидете директор, надзорник, техничар, менаџер и продавач во исто време.

4. Емоциите ќе допрат до вас


Тоа ќе биде време во кое на површина ќе испливаат вашите емоции, дури и ако со сите сили ќе се обидувате да ги потиснете. Некогаш ќе се чувствувате депресивно и обесхрабрено и ќе ви биде страв дека нема да реализирате профит во предвиденото време.

5. Ништо нема да биде онака како што сте планирале

Вашиот би8знис план веројатно сте го испланирале до детал, но без разлика на тоа колку труд сте вложиле во истражување, никогаш нема да бидете во можност да предвидите се`. Дури и оние работи кои сте ги предвиделе, нема да се случат како што сте си замислувале.

6. Вие ги донесувате сите важни одлуки

Како претприемач, вие ќе ги носите сите одлуки поврзани со вашата компанија и бизнис. Некои од овие одлуки ќе ви бидат тешки, а понекогаш ќе мора да ја промените насоката на работење на компанијата или пак да жртвувате дел од вашите визии и понекогаш ќе мора да отпуштате луѓе. Тие одлуки никогаш не се лесни, но вие сте единствената личност која може да ги донесе.

7. Нема да успеете секој пат

Вашата компанија може да пропадне. Ако тоа не се случи, секако дека ќе се соочите со помали неуспеси кои ќе ви се вмешаат во плановите и ќе ја загрозат вашата визија. Неуспехот е неизбежен и важен дел од секое претприемништво. Тој секогаш е присутен и секогаш е застрашувачки. Но, способноста да се опоравите од неуспехот е во тоа што се разликуваат најуспешните претприемачи од останатите.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија