X
 19.04.2017 Култура

Пет окултни тајни од Втората светска војна

Војната која сосема ја промени сликата на светот, односот на силите и претставуваше закана за уништување на целото човештво, не се сведуваше само на стандардно, конвенционално војување - затоа што историјата памети и многу мистични, па и паранормални форми на дејствување.


Фото: Screenshot

Ова се петте такви тајни на Втората светска војна:

1.    Die Glocke


Од 1943 до 1945 година нацистичка Германија имала план за конструирање на седум масивни структури под полската планина Сова, во централниот дел од Судетите. Кодното име на оваа операција било Riese (на германски: џин), но ископувањата никогаш не биле довршени, а нивната цел до денешен ден остана потполна мистерија.

Се претпоставува дека комплексот требал да биде центар каде ќе се спроведуваат и тестираат експерименти со натприродно оружје. Според неименуван разузнавачки извор во напуштената структура се изведувале тестирања на „Die Glocke“, односно ѕвоното. Тој метален предмет со 2,5 метри ширина и 4,5 метри висина изгледал како ѕвоно, а бил составен од два цилиндри кои ротирале во спротивни правци, заедно со виолетова течна метална супстанца со име Xerum 525, која наводно била радиоактивна, а при првото тестирање починале неколку научници кои работеле на овој проект. Се смета дека при крајот на војната се убиени сите лица кои партиципирале во оваа програма за да не се изнесат какви било информации, па затоа ни денес не се знае точната намена на ова оружје кое наводно дејствувало како дезинтеграциски и антигравитациски уред, но исчезнато е без траг...


2.    Конус на моќта

Анонимни извори откриле дека во текот на познатата „Битка за Британија“ се собрале група познати вештери и вештерки со цел да придонесат во одбраната на својата земја. Воздушните напади врз островот во текот на 1940 биле секојдневие, па постоела сериозна закана од инвазија на Германците преку Ла Манш.

За да спречи таква можност, вештерската „дружина“ извела магичен ритуал познат како „Операција конус на моќта“. Одбраната се темелела на бројни вештерски магии кои наводно ја запреле и инвазијата на Наполеон при крајот на 19. век. Ритуалната магија имала задача директно да влијае врз Хитлеровата свест и да му создаде идеја дека прекуморскиот напад врз Англија би бил катастрофален по неговата иднина. Магискиот одред го сочинувале 17 лица, кои ги изведувале обредите во древна и проколната шума. Таму тие цртале магиски кругови, го дувале чадот од запалените огнови во правец на Берлин и играле голи во транс повикувајќи мрачни сили. Тоа бил вонредно напорен ритуал што ослободил голема енергија, па се зборува дека во рок од само неколку недели некои членови на тајната група починале...

3.    Зомби војници

На големо изненадување за многумина, во 1943 година Волфрам Сиверс бил именуван за директор на Инситутот за воено-научни истражувања, иако во тоа време бил челник на Ahenerbe, нацистичкиот археолошки институт поврзан со истражување на паранормални појави. Во својата нова улога, Сиверс водел програма на ужасни и неетички истражувања врз затвореници во концентрационите логори, со фокус на издржливоста и преживувањето, експериментални лекови и операции, како и генетски манипулации.

Ултимативна цел била креација на нацистички супер-војник. Наводно се експериментирало и со оживување на мртвите субјекти, па затоа се верувало дека нацистите се обидуваат да создадат зомби-војска. Се смета дека истражувањето било поврзано со мисијата на Ahenerbe за да се соберат остатоците на древните германски воини и војсковотци.

4.    Мамката на јасновидците

Рудолф Хес во 1941 година побегнал од нацистите и се впуштил во неовластен соло лет кон Шкотска. Тој можеби верувал дека е во сопствена тајна мировна мисија, но неговата мотивација за овој чин сѐ уште е нејасна. Сите завојувани страни во Втората светска војна ја отфрлиле вклученоста во овој лет, со сомнеж дека се работи за обид за диверзија. Но, подоцна се појавила информација дека одреден јасновидец намерно го намамил Хес да дојде во Велика Британија, под закрила на британските тајни служби.

Во средиштето на целата операција наводно се наоѓале англискиот мистик и магионичар Алистер Краули и Јан Флеминг, авторот на Џејмс Бонд. И двајцата биле на позции во МИ5 и МИ6, каде биле задолжени да ги искористат своите магиски способности за да помогнат во војната. Тие заедно целеле кон Хес, кој исто така бил залуден од окултното. Хес на крај завршил во затвор каде останал сѐ до својата смрт во 1987 година, токму во периодот кога тврдел дека ќе открие некои британски тајни од војната.


5.    Светиот грал

Наводно во 1940 година, група сојузнички агенти успеале да украдат од Хајнрих Химлер, нацистичкиот водач и озлогласен окултист, еден сет од бизарни карти, кога тој се наоѓал на мистериозна „туристичка“ посета на Каталонија. Мапите покажувале детален приказ на древна мрежа од пештери во планинскиот ланец Монсерат, недалеку од Барселона. Химлер планирал да го посети манастирот Санта Марија де Монсерат, за да разговара со калуѓерите. Се верува дека всушност Химлер имал намера да ја утврди точната локација каде се криел Светиот грал, пехарот од кој пиел Исус Христос на тајната вечера. Имено, Химлер бил убеден дека Исус имал ариевска крв и дека Светиот грал му обезбедувал натприродни моќи. Тој сметал дека доколку дојде до гралот, ќе му обезбеди на Германија да го освои целиот свет и да владее со истиот, со оглед дека биле избрани од Бога да го прават тоа.

Не е познато што открил Химлер во Шпанија, но се знае дека после овој настан вниманието на нацистите се насочило кон други краишта од Европа и светот, а нивните археолошки истражувања не престанале во текот на војната.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура