Категоријата „Оскар“ за најдобар странски филм е преименувана во меѓународен игран филм, соопштува американската Академија на филмски уметности и науки.
- Забележавме дека името „странски“ е застарено во рамките на глобалната филмска заедница - изјавија Лери Каразевски и Дајен Вејерман од Одборот за меѓународен игран филм.
- Сметаме дека меѓународниот игран филм подобро ќе ја претставува оваа категорија и ќе промовира позитивен и инклузивен поглед во создавањето на филмот и уметноста на филмот како универзално искуство - додаваат тие.
Академијата истакна дека не се менува ниедно правило, ниту услов за постојната категорија, освен што во потесниот круг за избор на наградата ќе влезат 10 филма.
Категоријата „Оскар“ за најдобар странски филм била воведена во 1957 година, а истакнати
филмови се „Животот е убав“ на Роберто Бенини, „Дискретниот шарм на буржоазијата“ на Луис Буњуел и „Животот на другите“ на Флоријан Хенкел вон Донерсмарк.