X
 11.06.2015 Култура

Полските новинари во потрага по жена од стара фотографија

Полските новинари се во потрага по една Полјакиња од една иконска фотографија направена во периодот после Втората светска војна, за која се верува дека живее во Австралија.

 

fotografija


Членовите на полската организација „Tu Bylo, Tu Stalo“ се во потрага по детето, кое денес е возрасна жена, со оглед на тоа што фотографијата била направена во април 1946 година во Варшава.

Потресната фотографија ја прикажува младата девојка облечена во кошула и чизми како гледа во урнатините на градот кадешто биле убиени околу 50.000 Евреи.

Фотографијата била направена од американскиот фотограф Реџиналд Кени, кој правел тура низ градот заедно со поранешниот американски претседател Херберт Хувер, додека бил во посета на Варшава за да го процени степенот на уништување. Се смета дека фотографијата била направена на покривот на поранешно училиште кое денес е Одделот за психологија на Варшавскиот универзитет.

Полската новинарка Катарина Смиерциак и` помага на организацијата да ја пронајде девојката од фотографијата после објавувањето на статија минатиот месец, споделена повеќе од 2.000 пати.

„Би сакале да ја контактираме личноста од фотографијата за да ни каже кога и зошто си отиде од Полска. Која е нејзината приказна? На што се сеќава од тоа тешко време“, вели Катарина.

Таа признава дека е тешка задачата, меѓутоа вели дека фотографијата би ја препознал секој кој пораснал во Полска.

„Доколку е се`уште жива таа би имала 70-80 години“, вели таа. „Кога фотографијата беше направена градот беше целосно уништен, имаше само урнатини. Сите мислеа дека градот нема да биде повеќе жив. Сега, после 70 години Варшава е прекрасен град во средината на Европа“, додава таа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура