X
 12.06.2015 Живот

Единственото логично објаснување за исчезнувањето на летот МХ370

Пилотот на авионот кој исчезна пред повеќе од една година можеби го срушил авионот во океанот. Нова теорија покажува дека авионот со 239 луѓе не беше пронајден бидејќи од него не останал ниту еден дел при сударот со океанот.


Тим од математичари стигна до заклучок дека Боингот 777 на „Малезија ерлајнс“ на летот МХ370 од Куала Лумпур до Пекинг исчезна без трага бидејќи пилотот го забил авионот со носот во океанот под агол од 90 степени.

Повеќе компјутерски симулации покажуваат дека тоа е возможно и веројатно е единствениот логичен заклучок и можно сценарио за целосно исчезнување на авионот. Теоријата објаснува и зошто не биле пронајдени делови од него или остатоци од горивото и по бројните напори на повеќе држави во потрагата во сите насоки.

Истражувањето го водел математичарот Гоонг Чен, кој вели дека последните моменти од летот засекогаш ќе останат тајни освен доколку се случи некое чудо и некој ја пронајде црната кутија. Во истражувањето бил користен суперкомпјутер и биле тестирани 5 различни сценарија, меѓу кои и лизгачко влегување во водата, што се покажало како невозможно овде.

Заклучоците пристигнуваат една недела откако властите ги известија семејствата дека истрагата нема да продолжи да се шири.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот