X
 20.05.2018 Живот

Дали знаете што се скимери на банкоматите и како можете да ги препознаете?

Полицијата во популарните туристички дестинации со години ги предупредува граѓаните и туристите да внимаваат кога ги користат банкоматите.

Во екот на туристичката сезона измамите со користење на таканаречени скимери се чести, а за тоа сведочи и неколку неодамнешни интервенции во светот во кои биле фатени локални и странски криминалци.

Скимерите претставуваат голема закана за сопствениците на кредитни картички поради големата потенцијална штета, од злоупотреба на картичките и неавторизирано повлекување на парите од сметката до крадење на идентитетот.

Најголемиот проблем кај овие уреди и невината незабележливост и релативно лесната метода на инсталирање. Имено, криминалците инсталираат незабележлив скенер за картички и микрокамера со која го следат движењето на жртвите и го читаат нивниот ПИН код.

Што се скимери?


Скимерите се уреди смислени за кражба на податоците од магнетната лента на кредитната картичка. Се инсталираат воглавно на самите банкомати каде ги крадат податоците на корисниците. Терминалот после инсталацијата и понатаму функционира како ништо да не се случило.

По правило, скимерите се со мали димензии и се направени така што се вклопуваат во постоечкиот читач на картички. Криминалците понекогаш поставуваат и скриена камера некаде во близина, што служи за кражба на ПИН кодот.

Камерата се инсталира во самиот читач, понекогаш на врвот на банкоматите. Постојат и случаи каде крадците инсталираат и лажна тастатура за внесување на ПИН кодот, за да избегнат поставување на камерата. За да дојдат до податоците на жртвата, крадецот мора физички да дојде до терминалот каде го инсталирал скимерот. Со податоците можат да направат лажна картичка, да ја испразнат банкарската сметка или да го украдат идентитетот на жртвата.

Како да ги препознаете и избегнете скимерите?


За почеток, најдобро е да проверите дали банкоматот е чуден. Побарајте очигледни знаци што би можеле да укажуваат на тоа дека некој работел на банкоматот. Особено внимание обрнете на самиот банкомат, читачот на картичката и тастатурата. Обрнете внимание на тастатурата, чудниот материјал, необичната боја. Ако воочите било што од наведеното, веднаш побарајте друг банкомат, подигнете ги парите и пријавете.

Ако не воочите видливи разлики, а имате причина за сомневање, фрлете поглед и проверете дали е во ред. Банкоматите често немаат подвижни делови, што значи дека во случај на поместување на било кој уред, треба да го пријавите.

За крај, обрнете внимание и на „доцнењето“ на враќањето на картичката. Ако поради било која причина долго се задржува во банкоматот и излегува подоцна од обично, можно е да се работи за скимер.

Сокријте го ПИН-кодот


При секоја трансакција, покријте ја тастатурата кога ќе го внесите ПИН-кодот и внимавајте кога ги подигнувате парите. Банкоматите во банките, рестораните и трговските центри по правило се помалку изложени на измами.

Пријавете


Ако скимерот сепак ве измами и крадците ви ја испразнат банкарската сметка, не се двоумете да пријавите. Колку побрзо пријавите, толку штетата ќе биде помала, а шансите за фаќање на крадците поголеми.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот