X
 10.04.2017 Живот

Како да одговорите на трик прашањата на интервју за работа?

Она што ве одделува од вашата работа од соништата е интервјуто. За да го поминете, треба да одговорите на неколку трик прашања. Но, кога ќе сфатите како да ги одговорите, нема да имате никаков проблем. Според менаџерите и тренерите за кариера ова се најчестите „незгодни“ прашања кои се поставуваат на интервјуа за работа.


1. Кои се твоите слабости?

Фокусирајте се на вештината на која во моментот работите и која може да биде искористена во компанијата во која аплицирате. Потоа, кажете дека имате проблем со некоја одговорност која доаѓа со повисока позиција. На пример наместо да кажете: „Неодамна бев унапреден во менаџер и сега имам двајца аналитичари кои ме поддржуваат.“ Вие кажете: „Прво, се колебав дали да ги препуштам сами на себе бидејќи бев навикнат да правам се сам и без загрижен, но научив како да го подготвам мојот тим да постигнува подобри резултати за сите.“

2. Зошто ја оставивте последната работа, или зошто ја оставате сегашната?

Желбата за напредок и нови предизвици се секогаш атрактивни за работодавачите. Но, ако сте биле отпуштени, треба да бидете искрени и да го кажете тоа. Задржете се на поентата, бидете кратки и не зборувајте лошо за вашите поранешни работодавачи.

3. Имате ли прашања за мене?

Започнете со „Да“. Потоа поставете прашање кои покажуваат дека сте истражувале за компанијата во која аплицирате и за самата индустрија, но внимавајте да не излезе дека сакате само да се пофалите. Експертите советуваат да го прашате работодавачот и зошто ја избрал таа индустрија и како стигнал до позицијата.

4. Колку сметате дека треба да изнесува вашата плата?

Можеби е најдобро да се дискутира за ова прашање, откако ќе се предложи одредена сума, но прашањето може да биде поставено и претходно.  Затоа најдобро е да ја кажете платата која сте ја добивале на претходното работно место или местото на кое уште работите, па новата плата да ги има сличните бројки, за да имате мотивација и желба за да ја напуштите вашата моментална позиција и да започнете на ново работно место.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот