X
 15.11.2015 Живот

Топлиот ноемвриски ден ги извади тетовци на градската плажа

Невообичаено топлиот ноемвриски ден беше совршена причина за тетовци да излезат и да ја посетат новата градска плажа во Тетово. Благодарение на поплавите кои што се случија во август оваа година, како и посветеноста на градските комунални власти, тетовци за прв пат имаат уникатна можност да уживаат во благодатите на градската плажа.



“Порано кој бевмо помали, смо иделе на Бањиче и тамо смо се купеле, ама ова е прв пут у среде град да имамо плажа, сеа уште фали времево да не послужи уше малу за да можемо почесто да доаѓамо овдека.“ – изјави еден од присутните на плажата.

Посетителите на плажата се надеваат дека градските власти и комуналните служби нема да интервенираат и дека со квалитетното вршење на својата работа нема да ја уништат истата.



Во период кога Тетово се соочува со сериозен недостаток и рестрикции на квалитетна вода за пиење, а воздухот кој што го дишат тетовци е еден од најзагадените како во државата така и во Европа со концентрација на ПМ10 честици кои што во одредени денови надминува повеќе од 8 пати од дозволената количина.



“Сеа од кој ни ја спремија плажава, се надевамо дека у следниов период властите ќе почна да работаа и на преземање на активности со цел да не пиемо вода и да не пиемо воздух кој што ќе не убија, и дека нашите реке нема да бида затрупани со ѓубре, а храната нема да ни биде затруена. Ова е важно пошто природата што смо ја наследиле од нашите предци треба да ја остаемо на потомците. Мие граѓаните на Тетоо едноставно заслужуемо подобро.“ – го заврши разговорот нашиот соговорник.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот