X
 16.06.2015 Живот

За сите татковци

Татковците знаат какво е чувството да се слушне дека ќе се добие татко за првпат. „Dove“ реши да го прикаже токму овој момент во новата реклама.


Новата реклама е објавена за Денот на татковците во САД, а во неа се гледаат емотивни лица, гушки и солзи на 13 мажи кои штотуку откриваат дека ќе добијат дете пред камера. Сепак, ова веројатно било најдобриот подарок кој тие го добиле некогаш, не?

Моментите во видеото биле собрани од реакции објавени низ интернетот кои „Dove“ ги споил заедно со дозвола од среќните парови.

Неодамна, истражување покажало дека поголемиот дел од мажите, односно точно 82% го гледаат татковството како емотивно трансформативно искуство, пишува Џенифер Бремер од „Dove“. Оттаму, компанијата тргнала да бара емотивни видеа од новите татковци за својата најнова реклама со цел да се покажат вистински емоции од животот на нивните корисници.

Рекламата е именувана „За сите татковци“.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот