X
 11.07.2023 Живот

Фабрика во Германија нуди награда од 150.000 евра за сведоци на кражба од 2020 година

Фабриката „Хемпрокс“ од германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија бара сведоци на кражба и нуди награда од 150.000 долари.

„Хемпрокс“ произведува производи за хигиена и дезинфекција во своите капацитети во Велберт и Дортмунд. Сега компанијата бара сведоци на кражбата во Дотрмунд и нуди многу пари за да дојде до клучни информации кои би ги откриле сторителите.

Како што наведуваат германските медиуми, фабриката нуди награда од 150.000 евра за корисни информации за кражба на средства за дезинфекција што се случила во 2020 година. Тогаш исчезнале околу 100.000 литри „монераблу“ и компоненти за системи за дезинфекција од погоните Велберт и Дортмунд.

Поради тоа, фабриката претрпела загуба од 570.000 евра. Времето и кражбата на украдената стока не изненадуваат затоа што се случија среде ковид-пандемијата, кога средствата за дезинфекција беа високо тргувана стока, често продавана и поскапа од кога било.

Во моментов сѐ уште не е јасно кој би можел да стои зад кражбата, но во фабриката се претпоставува дека се работи за повеќе сторители.

Првично фабриката се сомневала дека вработените преку лажни манипулации проневериле 100.000 литри средство за дезинфекција, но обвиненијата биле неосновани и кривичното дело не можело да се докаже, особено затоа што еден вработен се откажал од сведочењето, а бил клучен сведок, па истрагата првично била прекината.

Сега фабриката сака повторно да дојде до сторителите и бара помош преку оглас.

- Огласот може да најде дополнителни сведоци од областа и од целата земја кои можат да придонесат за расветлување на случајот, а можеби и да открие информации за тоа каде се наоѓа остатокот од украдената стока.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот