Кога сакате да го подигнете вашето расположение, дали одите на шопинг? Дали сте среќни потоа? Или можеби се чувствувате виновни кога одите на шопинг затоа што е „лошо“.
Дали парите можат да купат среќа? Дали навистина можете да живеете среќен живот со купување и трошење?
Одговорот е „да“. Со пари може да се купи среќа.
Истражувањата покажуваат дека среќата доаѓа од трошењето пари, но кога ги трошиме на одредени начини. Во продолжение се дадени трите начини на трошење пари што ќе ве направат среќни.
1. Финансирајте ја вашата слобода
Кога имате заштедено пари, слободно можете да ги искористите за спонтани можности што се појавуваат: неочекувано присуство на роденден на вашата внука или прославување на достигнувањето на некој пријател.
Вежбајте да трошите енергија на она што ви е важно.
2. Инвестирајте во вашиот раст
Да се биде среќен во животот, значи да се инвестира во себе. Без да размислувате дали е паметно да трошите пари на нешто што не ви треба, инвестирајте во негување на сите страни на вашиот ум и личност, едноставно затоа што го сакате тоа.
Гледајте ТЕД-говори, барајте бесплатни онлајн курсеви или присуствувајте на интересни работилници.
3. Прославете
Купете си нешто само затоа што гласот во вас ви вели така. Не на начин: „Морам да го имам тоа затоа што е сега во тренд“, туку затоа што рефлектира аспект од вашето внатрешно битие и прави да се чувствувате посилни, посреќни, попаметни или подобри.
Купете си симбол за да ве потсети на нешто важно што сте го направиле или нешто важно што го создавате.
Очигледно е дека парите не се тие што ве насмевнуваат - богатството е во она што го обезбедуваат парите. Значи, парите и среќата се потсено поврзани отколку што првично верувавте, сè додека го правите тоа на вистински начин.
Затоа размислете што ви е важно. Спонтаност? Филантропија? Авантура? Креативност? Оттаму, одлучете како да го искористите вашето богатство.
Постојат паметни правила што можеме да ги следиме и кои го засилуваат трошењето пари на начини кои ни носат радост:
Купувајте искуства;
Искористете ги парите за да го подобрите начинот на кој го трошите вашето време;
Почестете се со некое задоволство;
Платете сега или однапред;
Бидете дарежливи и споделувајте.
Полнењето на нашите плакари со работи што не ни се потребни, не ги користиме и не уживаме во нив е бесмислено и прави да се чувствуваме депресивни. Нема вредност во тоа.
Но, можете да научите како да бидете среќни така што ќе им пристапите на парите на вистинскиот начин.
Фото: Freepik