X
 30.12.2016 Култура

Најкултното од Србија: Ова се 100-те најдобри филмови

Комедијата „Ко то тамо пјева“ во сценарио на Душан Ковачевиќ и во режија на Слободан Шијан повторно е избран за најдобриот српски филм.

 

филм


Изборот на 100-те најдобри филмови од 1911 година, кога за прв пат е избран првиот српски игран филм „Караџорџе“ до 1999 година го организирала југословенската киноетка. Овој филм бил избран и за најдобар во 1996 година, по повод одбележување на првиот век на подвижни слики.

Изборот на 100-те најдобри филмови е направен според оценките на српските теоретичари на филм, професори и критичари, а меѓу првите десет се: „Скупљачи перја“ (на второ место, со само три гласови помалку во однос на првопласираниот), „Три“, „Кад будем мртав и бео“, „ВР-Мистерија организма“, „Буџење пацова“, „Маратонце трче почасни круг“, „Љубавни случајили трагедија службенице ПТТ“, „Марш на Дрину“ и „Подземље“, на десеттото место.

„Меѓу првите 20 се и: „Јутро“, „Заседа“, „Отац на службеном путу“, „Вариола вер“, „Лепа села лепо горе“, „Рани радови“, „Празник“, „Национална класа“, „Петријин венац“ и „Суботом увече“, а меѓу најдобрите 100 се најдоа и: „Балкански шпиун“, „Млад и здрав као ружа“, „Караџорџе“, „Невиност без заштите“, „Давитељ против давитеља“, „Варљиво лето '68“, „Дечко који обечава“, „Ране“, „Ми нисмо анџели“, „Битка на Неретва“, „Буре барута“...

„Југословенската кинотека мора по итна постапка да пристапи на процесот на реставрација на филмовите кои се прогласени за културно добро од големо значење. Со изборот, на кој имаме право, но и обврска како филмска архива на Република Србија, целта ни е делата од историјата на нашата кинематографија, да ги претставиме на јавноста на квалитетни копии“, изјави Југослав Пантелиќ, директор на Кинотеката, во текот на сумирањето на резултатите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура