X
 27.01.2018 Технологија

Едно лице е виновно за падот на вредноста на криптовалутите

Не е тајна дека вредноста на биткоинот и на другите криптовалути може да испари, но на 8 јануари целиот пазар доживеа пад од кој уште не може да се крене. Тој период не се посочија конкретните фактори што го предизвикаа, но падот на вредноста на биткоинот можно е да е дело на само едно лице.


Извештај од „Вол стрит журнал“ ја префрла вината на Брендон Чез, креаторот на „coinmarketcap.com“. 31-годишниот Брендон ја создал веб-страницата во 2013 година во својот стан во Квинс, Њујорк. Ги следи сите промени на вредноста на биткоинот и на другите криптовалути преку комбинирање податоци од низа дигитални замени на валути. Неговата веб-страница е една од најпознатите на светот.

Иако сето ова звучи безопасно, на 7 јануари Чез направил значителна промена на неговата веб-страница. Решил да ја отстрани активноста на замена на Јужна Кореја од алгоритмот затоа што вредностите во земјата биле континуирано повисоки од каде било, и тоа во забележителна количина. Чез не ја објавил таа промена јавно, туку само ја спровел на дело, веднаш намалувајќи ја вредноста на криптовалутите на една од најпопуларните веб-страници на светот за следење на таквите информации.

Одговорот се случил веднаш. Цените почнале да паѓаат и оттогаш ситуацијата не се менува. Во меѓувреме, неговата веб-страница останува исто популарна, а Чез дури не одговорил ниту на извештајот кој „Вол стрит журнал“ го испратиле до неговиот стан.

Оптимистички би било да се каже дека истата работа нема да се случи повторно, но неговата веб-страница или други такви веб-страници лесно можат да предизвикаат пад на вредноста на биткоинот во иднина преку менување на алгоритам. Се работи за проблем со нејасно решение. Додека не се најде конкретно и ефикасно решение, ќе мора да се плаќа ризикот од „играњето“ со криптовалутите.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија