Ајфонот е еден од најкористените мобилни телефони низ светот денес. Брендот е популарен поради квалитетот и карактеристиките кои не може да се најдат во другите слични уреди. Ајфонот се натпреварува со уредите на „Андроид“ во сите сфери освен во времетраењето на батеријата. „Safe tricks“ нуди неколку совети за зголемување на животот на батеријата на ајфонот.
Одбегнете освежување на апликациите во позадина
Можноста за освежување на апликациите е достапна во iOS 7. За да ја исклучите, одете во Settings>General>Background app refresh.
Исклучете го автоматското надградување на апликациите
Можноста за автоматски надградување го олеснува искуството за корисникот, но може и да ја исцрпи батеријата побргу. Одете во Settings>iTunes and App store> automatic downloads>updates и исклучете ја опцијата.
Исклучете го автоматското подесирање на светлината
Светлосниот сензор ја контролира светлината на екранот и ја чува батеријата. За да ја вклучите опцијата одете во Settings>Display and Brightness.
Одбегнете движење и анимации
Движењето во позадина го прави екранот поинтересен, но овој ефект може да ја потроши батеријата побргу. Одете во Settings>General>Accessibility>Reduce Motion. Повлечете го слајдерот на зелено.
Одбегнувајте користење на повеќе апликации истовремено
Доколку имате повеќе вклучени апликации истовремено, тоа ќе ја потроши батеријата побргу. Затворете ги оние кои не ги користите.
Најдете ги апликациите кои ѝ штетат на батеријата
Некои апликации трошат повеќе батерија од другите. Избришете ги оние кои ја трошат батеријата, а не ви се неопходни. Одете во Settings>General>Usage>Battery usage.
Исклучувајте го „блутудот“ и интернетот по користење
Телефонот најбргу ја троши батеријата кога се вклучени овие опции. Исклучувајте ги секогаш по користење.
Исклучете ја локацијата
Една од најважните карактеристики на ајфонот е вградениот ГПС. Со оваа услуга може да знаете која е вашата точна локација во секое време. Доколку тоа не ви е потребно, исклучете ја опцијата. Одете во Settings>Privacy>Location service.
Одбегнувајте преполнување
Кога ќе го вклучите телефонот во полнач внимавајте колку време се полни. По полнењето треба да го отстраните телефонот од полначот бидејќи преполнувањето е штетно за батеријата.
Исклучете ги вибрациите
Ајфоните користат вибрации при играње игри или кога е исклучена опцијата за гласно ѕвонење. Понекогаш, вибрациите не се потребни, па може да ги исклучите за да ја штедите батеријата.