Дали некогаш сте се запрашале зошто стујардесите при полетување на авионот бараат мобилните телефони да ги префрлите на „airplane mode“? Некои тврдат дека телефоните можат да им пречат на пилотите, кои се плашат дека сигналот на мобилните телефони може да влијае врз сигналот на нивната навигациска опрема.
„Никогаш не се докажало дека сигналот на мобилниот телефон се преклопува со сигналот на навигацијата на телефонот. Но само затоа што тоа никогаш не се случило, не значи дека нема да се случи“, изјави еден пилот.
Причината лежи во мрежата на сигнали на земјата, што би можеле да им пречат на сигналите во воздухот. Ова би значело дека мобилните телефони во воздухот можат да „соберат“ сигнали од повеќе базни станици. Ова лесно би можело да ги загуши мрежите на земјата и да предизвика исфрлање од мрежите.
Сепак, некои меѓународни летови имаат инсталирано предаватели на мобилни телефони на авионите, така што
патниците лесно можат да се јавуваат и да испраќаат пораки. Сега авионите нудат и бесплатна безжична мрежа, овозможувајќи сурфање и комуникација за време на летовите.