Се чини дека некој ги искористил податоците на Сноуден од неговиот профил на „Линкедин“ и го претворил во видео. Критичарите не се задоволни од првиот трејлер за филмот за Едвард Сноуден.
Сигурно се сеќавате на Едвард Сноуден, момчето кое на светот му ги откри најголемите тајни кои ги крие САД. Беше прашање на време кога неговата приказна ќе се појави на големото платно. Па, го дочекавме тој момент. Во јавноста беше пуштен првиот трејлер за биографскиот филм за Сноуден. Режисерот е Оливер Стоун. Критичарите не се најзадоволни од она што го видоа.