Малала Јусафсаи е најмладата личност која добила Нобелова награда. Девојчето сега е тема на документарен филм зад кој стои Дејвид Гугенхајм. Филмот е закажан за 2 октомври, а штотуку беше објавен нов трејлер за него.
Малала стана светски позната откако започна да се бори против правилата на Талибанците за девојчињата на училиште во нејзиниот регион во северен Пакистан. Набргу потоа, таа започна да добива закани за смрт и беше застрелана во главата. Таа се лечеше во Англија и заедно со помошта од целиот свет продолжи да се бори за правата на девојчињата секаде.