Што доколку ви кажеме дека постои колеџ елитен како „Харвард“, а далечен како Северниот Пол? Овој колеџ е „Deep springs“, кадешто студираат 26 студенти. Сите студенти се мажи и секогаш се во ист број. Колеџот бил основан во 1917 година и се наоѓа во пустина во Калифорнија.
Студентите живеат на фарма која ја оддржуваат самите. „Кампусот“ е изграден во облик на круг за студентите да имаат поголема комуникација и да научат да живеат подобро. Згора на тоа, секој студент кој е примен на колеџот добива стипендија која ги покрива школарината, сместувањето и џепарлак со вредност од 50.000 долари. Останува само да се плати за патувањето и за книгите.
Овде се забранети алкохолот и дрогата, но се дозволени цигарите. Сите студенти мора да работат 20 часови неделно во близина на кампусот. Најблискиот град е на еден час возење. Интернетот е спор во поголемиот дел од времето.
Најблиското нешто до кампусот е борделот „Cottontail ranch“. Освен грижата за фармата, студентите мора да се грижат и за институцијата и да одлучат кому доделуваат стипендии. На колеџот постојат предмети како феминизам, филозофија на религија, свети текстови, книжевност, филм итн.
Како изгледа животот овде? Погледнете во галеријата.