Сонот човек да може да допре и да комуницира со холограми беше предмет на многу научно фантастични приказни, меѓутоа една лабораторија во Јапонија успеа да го реализира овој подвиг.
Истражувачите од јапонската група „Digital Nature“ со користење на фемтосеконд ласери успеале да го реализираат невозможното.
Овој вид на ласерско индуцирана плазма беше и претходно демонстрирана, меѓутоа ова е прв пат овој механизам да биде создаден без да биде штетен за човечки допир преку намалување на времетраењето на ласерските експлозии на повисока фемтосеконд резолуција.
На видеото е прикажано како со прст можат да се допрат холограмите напарвени од воксели. Холограмите вклучуваат срце, ѕвезда и малечка самовила.
Иако механизмот се`уште не може да се користи како средство за создавање на вистински холодек, истражувачкиот тим предвидува користење на технологијата за антенски холографски интерфејси.