Еден од најбогатите и најуспешни луѓе на светот, Бил Гејтс, повеќе пати има кажано предвидувања за иднината и промените што ќе станат дел од секојдневието. Некои се необични, но ова се неколку од нив што се оствариле:
фотоизвор: CNBC.com
1. Линкови за веб-страници на ТВ
Прогнозата на Гејтс беше дека ТВ-преносот ќе вклучува и линкови на различни страници и содржина, поврзани со она што го гледате. Сега, речиси секоја реклама се повикува на веб-страница, „Твитер“ или скенирање на QR-код.
2. Онлајн-форуми
Гејтс предвиде дека граѓаните ќе имаат интернет-дискусии за проблемите што ги мачат, како политика, градско планирање и сигурност. Сега имаме голем број страници со вести, со дел за коментари, каде што корисниците учествуваат во многубројни расправи и поставуваат прашања во врска со темите што ги засегаат.
3. Страници направени по ваш вкус
Гејтс прогнозира дека на онлајн-заедниците нема да влијае вашата локација, туку вашите интереси. Она што го имаме сега е голем број заедници кои се фокусираат на една тема. Многу од нив се прошириле во разумни насоки, нудејќи длабоко покривање на одредени теми. „Редит“, на пример, е одлична веб-страница која се дели во подгрупи, се занимава со интересите, а не локациите на корисниците.
4. Апликации за менаџмент на проекти
Гејтс предвидувал дека проект-менаџерите ќе можат да состават тим онлајн, со објаснување за проектот. Ќе добијат препораки за достапни експерти што ги задоволуваат нивните потреби. Сега, на интернет се достапни низа софтвери за претприемачи, како што се „Слак“, „Асана“ и „Трело“, кои се вистинска револуција во ловот на специјалисти, формирањето тимови и давањето задачи.
5. Софтвер за бизнис-заедницата
Гејтс потенцира дека компаниите ќе можат да одржуваат аукции за бизнисите, без разлика дали се работи за градежништво, продукција на филмови или рекламна компанија. Се работи за ефикасна метода која големите компании ќе ја користат кога ќе бараат аутсорсинг за проекти на кои не наидуваат често, бизниси што бараат нови клиенти итн.
Иако денес немаме преголем пазар за компании што одржуваат аукции, постои таканаречена „гиг“ економија на страниците како „Апворк“ или „Фивер“, кои на фриленсерите и на помалите фирми им овозможуваат да пронајдат клиенти. „Креглист“ е исто така добро место каде што малите компании можат меѓусебно да комуницираат и да пронајдат нови работни места.