X
 21.11.2022 Живот

Што им прави МОН на студентите?

Пишувам за да укажам на дискриминацијата што МОН годинава ја направи кон студентите од физика, хемија и математика во споредба со претходните години. Ненајавено, одеднаш ги сменија условите за конкурсот за студентски стипендии само од трета група, односно потребниот просек, иако сите изминати години (откако се воведени стипендиите) бил 7,00 (и сѐ уште има студенти и ќе има кои и по оваа година ќе земаат стипендија со овој услов), одлучија само оваа година да го покачат на 8,00.

Исто така, да напоменам дека за ниедна друга група на стипендии нема измени во ниту еден услов. Каква е оваа дискриминација и овој резил?

Дали се свесни дека нема кој да има да им ги образова децата бидејќи од овој факултет дипломираат едвај 10 студенти на годишно ниво од наведените насоки погоре?

Дали се свесни дека немаат хемиски инженери, наставници, физичари и математичари? Во основните и во средните училишта овие предмети ги предаваат индивидуи со несоодветен факултет (како на пример: Технички факултет).

Да не го заборавиме фактот дека сме дефицитарен кадар, кој почна полека да се пополнува само поради фактот што МОН даваше стипендија од 18.000 денари (кои не беа покачени ни еден денар во оваа инфлација, а другите стипендии ги покачија). Само поради тоа што воведоа нови 30 стипендии за студентите од факултетот за шумарство, земјоделство и ветерина сите нѐ осакатија.

Зошто воведуваат нови стипендии од иста парична вредност кога буџетот не може да го дозволи тоа. Иако се предвидени 40 стипендии за хемија, 30 за физика и 30 за математика, многу ретко, скоро никогаш не се пополнува комплетно квотата бидејќи е премногу тешко да имаш положено 80%, а да оствариш просек над 7,0. Замислете што би било сега со новите услови... Не е во ред многу студенти да ја земаат истата стипендија со просек над 7,00, па макар и бил 7,01, а од оваа година за истите предмети и знаење да е потребен просек над 8,00 (пак ќе напоменам, ова го направија ненајавено). Сите студенти си ги планиравме просеците во зависно од тоа какви беа условите сите претходните години.

Автор: студент на ПМФ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот