X
 15.02.2020 Политика

Компании профитираат од израелската окупација на Палестина

Обединетите нации објавија база на податоци со 112 компании што придонесуваат за порастот на израелските населби во окупираната Палестина. На листата се најдоа американските компании „Ербиенби“, „Експедија“ и „Трип адвајзор“.
 
Во извештајот на ОН компаниите се обвинети дека нуделе услуги кои го поддржувале одржувањето на израелски населби во Палестина заради бизнис-цели. „Џенерал Милс“ користела природни извори, особено вода и земја, за бизнис-цели, а „Моторола солушнс“ нудела опрема за идентификација и снимање.


Фото: Pixabay

ОН работеле на извештајот две години и за тоа време ги истражувале израелските населби во Палестина и нивното влијание на Палестинците во окупираната територија. Во извештајот има и компании што се обвинети за продавање опрема и материјали со кои се изградени населбите и ѕидовите, како и продавање опрема за уништување домови, фарми и ниви, но и фрлање отпад во палестински села.
Во базата на податоци главно се наоѓаат американски, британски, холандски и израелски компании, а таа ќе биде ажурирана на годишно ниво.

Автор: Лејла Етачфини
Извор: vice.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика