Познатата веб-страница „Ранкер“ често прави листа на најдобри филмови, серии, професии и слично. Најдобро во целата приказна е тоа што во анкетите учествуваат сите луѓе од целиот свет, така што го оставаат својот глас.
Овој пат, направена е листа на повеќе од 900 најдобри книги што на читателите им го промениле животот.
10. „Алиса во земјата на чудата“, Луис Керол
Оваа книга е дело на математичарот и логичарот Чарлс Латвиџ Доџсон. Книгата веќе 150 години ги забавува и интригира како децата така и возрасните. Делото нуди многубројни толкувања, токму поради начинот на кој е раскажано - игра со зборови и нелогични стихови и апсурдна содржина, измислени зборови за забава на децата или хумористична поезија.
9. „Големиот Гетсби“, Френсис Скот Фицџералд
Ликот на Гетсби од оваа книга е еден од најтрагичните ликови во светската книжевност. Ни строгата дисциплина, ни целото богатство што го создал не му помогнале да ја освои својата сакана Дејзи.
8. „Фаренхајт 451“, Реј Бредбери
Критичарите на „Њујорк Тајмс“ за ова дело изјавија дека застрашува во своите импликации, и ја доведува визијата на Бредбери за натприродниот свет што потсетува на нашиот.
7. „Господарот на мувите“, Вилијам Голдинг
Класичен роман од британскиот нобеловец Вилијам Голдинг кој ја раскажува приказната за англиски ученици кои после авионската несреќа завршуваат на пуст остров.
6. „Храбриот нов свет“, Олдус Хаксли
Објавен во 1932 година, книгата на Олдус Хаксли била негативно оценувана од многу критичари. Романот го предвидува развојот на репродуктивна технологија и учење во сон што заедно доведува до создавање на ново општество.
5. „Ловец во жито“, Џером Дејвид Селинџер
Ова е најчитаниот роман на планетата. На Селинџер му биле потребни цели 10 години за да го напише ова дело.
4. „Животинска фарма“, Џорџ Орвел
Книгата на Орвел од 1945 година е модарна басна за политиката и државното управување што е уништено од непоправливите човечки маани што се појавуваат со доаѓањето на власт.
3. „1984“, Џорџ Орвел
Базирана на искуствата на авторот поврзани со втората светска војна и идеологијата на фашизмот и комунизмот, романот бил напишан во 1948 година и бил сфатен како предупредување за идните генерации, односно инспирација за голем број автори, филозофи и политички теоретичари.
2. „Господар на прстените“ - Толкин
Дело по кое е снимен филм со најголема гледаност, заработка и вкупен број на Оскари во историјата на филмот. Хобити, самовили, проколнати шуми, волшебници, војници, моќ, пријателство, алчност и добрина се само дел од овој богат и живописен роман.
1. „Да се убие подбивната птица“, Харпер Ли
Класиката од американската книжевност од перото на добитничката на Пулицерова награда се наоѓа на прво место потполно заслужено. Книгата раскажува за Скаут Финч, 6-годишно девојче кое пораснало во мал град на југ.
Писателката Харпер Ли на духовит и автентичен начин ги критикува расните и класните предрасуди во американското општество во 30-тите години на минатиот век.