X
 26.01.2022 Наша тема

Анкета: Како влијае поскапувањето врз вашиот живот?

Светскиот енергетски раст на цените, но и трендот на поскапување на прехранбените продукти, уште од почетокот на оваа година сериозно се рефлектира врз економската моќ на македонските граѓани.
Процесот на поскапување во повеќе сегменти од живеењето веројатно ќе продолжи и во следните месеци. Тоа ја наметна потребата од барање алтернативи и промена на дел од животните навики кај граѓаните.

Колку луѓето се приспособливи на ваквите услови, дали поради поскапеното гориво ќе го заменат автомобилот со јавен превоз?
Ќе значат ли повисоките сметки за струја вложување во штедливи електрични уреди, но и штедење на електричната енергија?
За таа цел, Факултети.мк подготви анкета во која ги прашува граѓаните како поскапувањето влијае врз нивните животи, но и во кој сегмент од животот почнале најмногу да штедат.

Анкетата е анонимна, ве очекуваме.




*Оваа анкета не е на научна основа

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема