Вработените во националниот парк „Зион“ во јужниот дел од сојузната американска држава Јута одлучиле да испечат колачи во паркиран автомобил за да покажат колкави се температурите таму.
- Вашиот автомобил може да биде како печка - буквално. Затоа одлучивме да испечеме колачи! - напишале вработените во објава на „Инстаграм“.
Температурите во националните парк постојано биле над 38 Целзиусови степени последните недели, што значи дека температурата во возилото може да достигне и до 93 Целзиусови степени, стои во објавата. За време на печењето на колачите, вработените ставиле термометар во автомобилот, кој се стопил.
Извор:
Zimo
Насловна фотографија: Pixabay