X
 26.09.2016 Наука

Сума сумарум: Болести имало и ќе има

До крајот на веков ќе искорениме најголем број од болестите, но ќе се појават нови, заклучува професор од Универзитетот Гете во Франкфурт.

Научник во лабораторија

Професор д-р. Иван Дикиќ, директор на Институтот за биохемија при споменатиот Универзитет, смета дека веројатно не е можно да се има свет без болести.

„Сигурно е дека за десет години ќе знаеме многу повеќе и ќе бидеме поуспешни во лекување на бројни болести. Сигурно е и тоа дека до крајот на векот ќе искорениме најголем број од болестите што постојат денес, и тоа со превенција, генетски промени и нови начини на лекување. Но, треба да бидеме свесни дека сето тоа ќе доведува до појава на нови болести што денес не ги познаваме, така што најверојатно нема да имаме свет без болести“, изјавил професорот Дикиќ.

Прашан во врска со проектот на Марк Закерберг кој одвојува 3 милијарди долари за борба против болестите, Дикиќ вели дека тој е многу вреден за науката и тоа првенствено за науката во иднина, на која што и е предизвик пронаоѓање на огромни количини податоци што секојдневно се собираат во лабораториите и болниците.

„Најверојатно нема да имаме свет без болести, но сигурно заради оваа иницијатива, но и заради други бројни студии и генерално напредокот на науката, ќе бидеме подобри во отстранување на многу од нив“, заклучил професорот.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука