X
 25.02.2022 Живот

Најпопуларни професии што се работат од дома

Живееме во време кога речиси сѐ ни е достапно на интернет, па затоа не е чудно што многу луѓе одлучуваат да работат преку интернет. „Студомат“ прави преглед на професиите што би можеле да ги имаат студентите, а кои предвидуваат флексибилна работа од дома.

Онлајн предавач

Курсевите за учење јазици, особено англискиот, се популарни на интернет. Доколку одлично познавате некој од светските јазици, би можеле да бидете онлајн предавач. Се бараат и предавачи по стручни предмети, како математика или физика, иако тие најчесто се на англиски јазик.

Недостаток во оваа професија е тоа што пазарот за предавачи на јазици е прилично заситен и предност имаат оние што го зборуваат јазикот од раѓање. Освен тоа, понекогаш се потребни сертификати.

Корисничка поддршка

Поголемиот дел од компаниите денес им нудат помош на корисниците преку интернет. Доколку би можеле да се допишувате со непознати луѓе и да им помагате да ги решат проблемите, треба да знаете дека многу компании нудат платена обука за ваквата работа. Познавањето странски јазици се цени. Негативната страна на оваа работа е тоа што деновите може да бидат стресни поради разните барања од корисниците.


Фото: Pixabay

Автор на текстови

Ова е работа која овозможува креативно изразување. Постои широк спектар на теми на кои би можеле да пишувате, но и овој пазар полека се заситува.

Креатор на курсеви

Може да отворите сопствен канал на социјална мрежа на кој ќе снимате курсеви за она што го студирате или познавате. Негативната страна е тоа што можеби ќе треба да почекате за да добиете многу следбеници и да заработувате од курсевите.

Уредување фотографии

Доколку имате страст за фотографијата, ова е начин да го претворите хобито во бизнис. Постојат платформи на кои може да уредувате фотографии за пари. Меѓутоа, неопходни се почетни вложувања бидејќи софтверот за уредување фотографии може да биде скап.


Фото: Pixabay

Видеомонтажер

Ова е барана професија. Вложените пари може бргу да се вратат доколку знаете што правите. Но потребна е добра организација, волја и работна дисциплина.

Графички дизајнер

Визуелниот идентитет денес е еден од најбитните сегменти на секој бизнис, па затоа се ценети графичките и веб-дизајнерите. За жал, и овој пазар полека се заситува, па треба да бидете многу добри и трпеливи за да успеете.

Програмер

Овој пазар не е заситен и не е тешко да се стигне до првата работа доколку имате познавања. Во индустријата се нудат и можности за усовршување и платите се високи. Бидете подготвени на постојано учење бидејќи програмските јазици се развиваат секојдневно и индустријата постојано се менува.

Извор: Studomat
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот