X
 07.12.2017 Живот

Искуствата на еден родител прикажани низ урнебесни стрипови

deca
Фото: Lunarbaboon

Родителството е патување за родителите исто колку и за нивните деца, а Крис Грејди го црта и го споделува своето искуство како родител во брилијантниот стрип наречен „Лунарбабун“. Со фокусирање на авантурите на малото семејство, стрипот го препознава и го истакнува хуморот во едноставните секојдневни ситуации.

Исто така, допира некои чувствителни и темни теми, но на искрен начин, што на крајот завршува позитивно.

„Лунарбабун беше создаден како начин да се изборам против анксиозноста и депресијата“, пишува Грејди. Тој е татко на 7-годишен син и 2-годишна ќерка и вели дека е невозможно да не се биде под влијание од сè околу вас. „Постојат многу лоши работи што се случуваат во светот, но има и добри. Среќен сум што сум оженет со паметна, силна личност со цврсти ставови која постојано се бори против неправдата. Многу работи за кои јас и таа зборуваме секојдневно се наоѓаат во стриповите“, вели Грејди.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот