X
 26.10.2016 Здравје

Бебето кое е „родено двапати“

Женско бебе било „родено два пати“ откако било извадено од матката на својата мајка во времетраење од 20 минути за да му биде извршена операција на ‘рбетот.


Линли Хоуп Боемер, била извлечена од матката на мајка си додека таа била во 23 недела од својата бременост, за на девојчето да му биде отстранет туморот од ‘рбетот. По 20-минутна операција за време на која срцето на бебето речиси и сопрело, девојчето повторно било вратено во матката и родено три месеци подоцна. Со рутински преглед било откриено дека Линли има тумор, па неколку лекари ја советувале мајката да ја прекине бременоста. Но, хирурзите од „Texas Children's Fetal Center“ одлучиле да се обидат да го отстранат туморот доколку го извадат бебето од матката.

Мајката се одлучила на таков чекор бидејќи не сакала да ја прекине бременоста. Операцијата на мајката траела 5 часа, бидејќи се работи за комплицирана постапка кога плодот се вади надвор, а потоа треба да се врати назад за останатото продолжување на бременоста.

Линли била родена по втор пат, со царски рез, на 6-ти јуни. Докторите велат дека ваквиот тумор се појавува на секои 35.000 раѓања. Иако некогаш можно е да се отстрани туморот откако ќе се роди детето, сепак лекарите одлучиле да го отстранат порано, за да не дојде до несакани последици во однос на крвотокот кај плодот.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје