X
 06.05.2015 Живот

Студенти работат од дома и заработуваат до 1.000 евра


 
Каде да се студира и што? Ако се погледне интересот кај студентите за време на уписите и по нив, посебно на оние што се одлучуваат за техничките струки, одговорот на ова прашање е - компјутерски науки и инжинерство. Младите избираат да го работат тоа бидејќи добро се заработува со ваква факултетска диплома, а оние поуспешните, почнуваат добро да заработуваат уште во текот на студиите.

На Феит се бара место повеќе

Миле Станкоски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии, вели дека годинава ќе ги има истите студиски програми како и минатата година.
- Што се однесува до интересот, минатата година имавме најголем интерес на насоката Обновливи извори на енергија и Компјутерски технологии и инжинерство. Таму имаше и повеќе пријавени од тоа што го баравме. Очекуваме дека и годинава ќе има најголем интерес токму на тие смерови. Исто така, интерес има и за автоматика, роботика и компјутерско системско инжинерство - информира деканот.

Тој вели дека годинава од Владата побарал повеќе слободни места.
- Ние пред четири години се поделивме со ФИНКИ. Првата година имавме малку студенти, втората имавме повеќе, а веќе третата бројката порасна на 360 студенти, која е оптимална бројка согласно кадровските и просторните можности на факултетот. Исто толку очекуваме да запишеме и годинава, и тоа ги очекуваме најдобрите студенти - додава Станкоски.

Работат од дома

И на универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид најголем број студенти во сите години има на Факултетот за компјутерски науки и инжинерство.
- Лани на овој факултет се запишале 61 студент. Ги избираат овие студии бидејќи ова им овозможува да работат веб-страници, да работат онлајн за странство, да заработуваат од нудење такви услуги. Заработката им стасува и до 1.000 евра месечно, што за еден македонски студент е доста солидна сума - велат од универзитетот.

Зголемен интерес генерално за техничките струки има во последниве неколку години. Пазарот, компаниите имаат потреба од ваков кадар, па затоа младите почнаа да се ориентираат кон техничките науки.

За разлика од високото образование, многу слаб одѕив има на ниво на држава има за средното стручно образование. Причина за тоа според раководствата на училиштата е што основните училишта не следат за што учениците покажуваат афинитети и за што се способни.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот