X
 08.11.2016 Живот

Информирани ли се патниците дека авионот ќе се сруши?

Ако уривањето на авионот сигурно ќе се случи, дали патниците се информирани?


Речиси сите се согласуваат дека најчесто патниците ќе слушнат (дури и во најстрашното сценарио) : подгответе се за удар - без разлика дали има многу малку време или пилотот  не сака да додава паника, сето тоа зависи од ситуацијата.

Во падот на PSA 182 над Сан Диего во 1978 година, пилотот имал само неколку секунди за да даде таква команда, кога неговиот авион се судрил во воздух со Цесна авион. Во тоа време ова било најголемата авионска катастрофа во американската историја – сите 135 патници и 7 луѓе од екипажот загинале.
Роберт Петрин, кој преживеал пад на хеликоптер во Авганистан вели дека патниците не се информирани претходно за рушењето на превозното средство. Напротив целата ситуација која била застрашувачка поминала без ниту еден изговорен збор.

Всушност, пилотите имаат многу малку време помеѓу откривањето на проблемот и ударот за да можат да ги известат патниците што се случува. 



Но, има случаи кога пилотите имаат можност да ги известат патниците за настанатата ситуација, како на пример случајот со капетанот Ерик Муди, кој во 1982 година се соочил со откажување на моторите на авионот со кој управувал. Патниците биле известени на следниот начин :

„Дами и господа, зборува вашиот капетан. Имаме мал проблем. Сите четири мотори на авионот сопреа. Даваме се од себе за да ги рестартираме. Верувам дека не сте премногу вознемирени.“

Екипажот успеал да ги рестартира моторите и летот бил успешно завршен.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот