Нова програма за вештачка интелигенција дизајнирана од кинески истражувачи штотуку ги победи луѓето на вербален тест за интелигенција.
Добрите резултати на вербалните делови во тестовите за интелигенција најчесто се ретки кога тестот го решава машина бидејќи зборовите имаат повеќе значења и формираат комплексни врски меѓусебе. Меѓутоа, оваа нова програма добила подобри резултати од своите човечки конкуренти за време на вербалниот тест.
Откритијата покажуваат дека машините наскоро ќе го стигнат нивото на човечката интелигенција. Но, истражувачите велат дека нема причина за возбуда.
За почеток,
тестот мери само еден вид интелигенција. Освен тоа, некои експерти тврдат дека тестот за интелигенција не е најдобар показател за способноста на машините.
Бин Гао, компјутерски научник од Пекинг ја создал оваа програма заедно со колегите специјално за вербалните прашања. Иако програмата била пишувана според видот на прашањата кои се поставуваат, резултатите се неверојатни.