Секој од нас поседува мобилен телефон, односно паметен телефон од многу различни брендови, но само една компанија го создава скоро цел профит на индустријата.
Apple и неговиот ајфон носат 92% од вкупниот профит на индустријата на паметни телефони во првиот квартал оваа година, во споредба со 65% пред една година.
Samsung беше единствениот друг бренд на паметни телефони кој имаше поголем профит од вкупно осумте топ производители на телефони.
Големата празнина ја претставува способноста на Apple да ги продава своите уреди за многу повисока цена поради постоењето на iOS оперативниот систем кој се разлика од својата конкуренција, Аndroid.
За Apple, воведувањето на ајфон 6 плус им овозможи тоа да го прават уште повеќе. Разликата во трошоците меѓу стандардниот ајфон 6 и ајфон 6 плус се проценува за околу 20 долари, додека Аpple наплаќа 150 долари за поголем модел со што цената за ајфоните вклучувајќи ги скоро сите, изнесува околу 840 долари. Во споредба, просечната цена за Android уредите е само 250 долари.
Продажбата на голем број индивидуални Android уреди се покажа тешко за производителите на Android, особено со новиот бран брендови кои доаѓаат на пазарот. Без вистински софтвер точки на разлика меѓу овие уреди, големите производители како Samsung и НТС губат поради поевтините кинески брендови кои имаат добри карактеристики, и се продадени за половина од цената.