X
 08.03.2025 Живот

Ова се најплатените холивудски актери според „Форбс“

За ѕвездите што најмногу заработуваат како што се Двејн Џонсон и Рајан Рејнолдс, појавувањето во филмови е само еден од многуте начини на кои заработуваат огромни хонорари.

Двејн Џонсон првпат го најави своето учество во филмот „Црвениот“ на неговиот инстаграм-профил во јуни 2021, што беше само почеток на многубројните поjави каде што го промовираше филмот меѓу неговите 394 милиони следбеници во текот на три години.

Дури и по негативните критики и просечниот успех на киноблагајните - 186 милиони долари во светот во однос на пријавениот буџет од 250 милиони долари - Џонсон продолжи да го промовира филмот онлајн. Кога филмот по еден месец се појави на „Амазон прајм видео“, привлече рекордни 50 милиони гледачи во првиот викенд на прикажување.

Нова дефиниција на филмската слава

Еве како изгледа филмската слава во 2025 година. За врвните холивудски таленти, глумата во филм стана само дел од долгогодишно, мултимедијално партнерство помеѓу студиото и актерот. Заедно развиваат, продуцираат и, што е најважно, го промовираат проектот пред публиката.

Оние што покажаа способност да ги претворат обожавателите во потрошувачи, сега се повредни од кога било. Договорот на Двејн со „Црвениот“, кој вклучува авансни хонорари за глумата и продукцијата, како и процент од профитот од дистрибуцијата, ќе му донесе 50 милиони долари – што се смета за најголема поединечна исплата во историјата на еден филм.

Комбинирајќи ја оваа сума со неговиот профитабилен договор за „Моана 2“ и приходите од неговите претходни филмови, Џонсон заработи околу 88 милиони долари минатата година, што го прави најплатениот актер за 2024 година.

Втор најплатен актер: Рајан Рејнолдс

Веднаш зад него е Рајан Рејнолдс, кој беше извршен продуцент, косценарист и главен актер во блокбастерот на годината „Дедпул & Волверин“. Рејнолдс дури и продуцираше реклами за филмот преку својата маркетиншка агенција „Максимум ефорт“. Неговата напорна година беше наградена со заработка од околу 85 милиони долари. Меѓутоа, 2024 година ќе ја паметиме и по тужбите помеѓу неговата сопруга Блејк Лајвли и режисерот на филмот „Ова завршува со нас“ (Џастин Балдони), поради што неговото име често се споменуваше во судските документи.

Трето место: Кевин Харт

На третото место е Кевин Харт, познат во шоу-бизнисот како неуморен работник. Неговата продукциска машинерија вклучува филмови, ТВ-емисии, поткасти и стендап-комедии, што му донесе заработка од 81 милион долари.

Овие три мултиталентирани актери заедно заработија колку другите седум актери на топ-10 листата, далеку надминувајќи ги ветераните како Бред Пит (32 милиони долари), Никол Кидман (31 милион долари) и Адам Сендлер (26 милиони долари), кои немаат свои маркетиншки платформи.

Ветеранска доминација

Сепак, да бидеш докажан хитмејкер од претходните генерации сѐ уште носи голема заработка. Просечната возраст меѓу 20. најплатени актери минатата година беше нешто повеќе од 54 години, а тие заработија повеќе од 730 милиони долари. Овие актери не само што уживаат високи плати благодарение на претходните хитови, туку и секоја година примаат значителни чекови од стари проекти.

На пример, Џери Сајнфилд (4. место) секоја година заработува околу 30 милиони долари благодарение на правата за серијата „Сајнфилд“, додека Мет Дејмон (16. место) минатата година заработи околу 8 милиони долари од стари филмови како „Борн“ и франшизите „Оушн“.

1
Фото: Wikipedia

Каде се младите ѕвезди?

Затоа, на новите актери им е исклучително тешко да влезат во холивудската елита. На листата со 20. најплатени актери од минатата година нема никој помлад од 40 години. Иако млади ѕвезди како Сидни Свини, Глен Пауел и Зендеја имаа успешни проекти, нивните хонорари сега почнуваат да растат, а за да стигнат до врвот, ќе мора да докажат дека нивните филмови се успешни исклучиво благодарение на нивното име.

Дури ни 29-годишниот Тимоте Шаламе, кого индустријата го гледа како идна мегазвезда, не успеа да се најде на листата.

Нови правила во Холивуд

За разлика од минатогодишната експлозија на блокбастери како „Барби“ и „Опенхајмер“, поголемиот дел од големата заработка во 2024 година е постигнат надвор од кината. Шест од десет најуспешни филма на годината беа анимирани, во кои актерите обично не добиваат големи хонорари.

Поради сѐ понепредвидливиот кинематографски пазар, најдобрите актери сè повеќе преминуваат на стриминг-платформи, каде што фиксните договори сѐ уште се стандард. Кога студијата како што се „Епл“, „Амазон“ и „Нетфликс“ се натпреваруваат за истиот актер, хонорарите често го надминуваат стандардните 20 милиони долари по филм. Тоа беше случај и со Бред Пит и Џорџ Клуни за филмот „Волци“.

Заклучок


Без разлика дали филмската индустрија ќе закрепне во 2025 година, агентите, менаџерите, адвокатите и продуцентите остануваат единствени во едно - филмските ѕвезди сè уште се клуч за иднината на Холивуд.

На крај, листата со најплатени актери не се мери само со пари, туку и со моќта што ја имаат во индустријата и на кој начин ја користат.

1. Двејн Џонсон - 88 милиони долари
2. Рајан Рејнолдс - 85 милиони долари
3. Кевин Харт - 81 милион долари
4. Џери Сејнфилд - 60 милиони долари
5. Хју Џекман - 50 милиони долари
6. Бред Пит - 32 милиони долари
7. Џорџ Клуни - 31 милион долар
8. Никол Кидман - 31 милиони долар
9. Адам Сендлер - 26 милиони долари
10. Вил Смит - 26 милиони долари
11. Маришка Харгитаи – 25 милиони долари
12. Ченинг Тејтум – 24 милиони долари
13. Џејсон Стејтам – 24 милиони долари
14. Марк Валберг – 23 милиони долари
15. Мет Дејмон – 23 милиони долари
16. Џон Сена – 23 милиони долари
17. Дензел Вашингтон – 23 милиони долари
18. Џејк Џиленхол – 22 милиони долари
19. Скарлет Јохансон – 21 милион долар
20. Хоакин Феникс – 19 милиони долари

Извор: Forbes.n1info.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот