X
 24.07.2015 Образование

Хрватите ја укинуваат школарината, Македонија се` уште не


 
Хрватската Влада неодамна донесе одлука за целосно субвенционирање на школарината во трошоците за студирање за нивните студенти. За трошоците за студирање и кофинансирање на материјалните трошоци на јавните универзитети во Хрватска, тамошната влада ќе издвои една милијарда куни (130 милиони евра) во следните три и пол години.

Освен сите новозапишани студенти студенти од следнава академска година, без пари ќе студираат и сите оние кои во претходната академска година стекнале најмалку 55 кредити со Европскиот кредит-трансфер систем, односно најмалку 30 бодови за студентите кои имаат некаков инвалидитет.

Дали Македонија може да ја спроведе истата мерка? Иако школарините значително беа намалени пред неколку години на 200 и 400 евра, засега нема најави дека може целокупното образование во земјата да биде бесплатно.

Помала школарина, но поголема станарина

Оваа одлука, како што наведува тамошната влада, е важна за одржување на студентскиот стандард. Со оглед на тоа дека во следната академска година ќе пораснат трошоците за сместување заради преуредувањето на студентските домови, па студентите во Хрватска ќе мора да издвојуваат повеќе пари за легло.

Поентата со оваа мерка е и да се обезбеди еднаков пристап до високото образование на сите редовни студенти во државата.

Во развиените земји образованието е бесплатно

Според проф. д-р Љубомир Дракулевски, декан на Економски факултет владите треба да даваат и стипендии и плус да плаќаат образование за лицата од ржсоцијално ранливите групи.

- Во цел свет, во Германија, во Австрија студирањето е бесплатно, но тоа подразбира дека државта им плаќа на универзитите за студентите. Кај нас има некои ослободувања, кои никој не може да ги дефинира. Имаше најави дека државата ќе ослободи 10 отсто од социјално ранливите категории, но некој тоа треба да го плати. Начелно, издвојувањата за наука и образование, се такви какви што се во Македонија и секоја споредба со развиени држави не е соодветна. На пример, Словенија за наука издвојува 750 евра по жител, а ние 5 евра по жител. Тоа кажува многу - вели Дракулевски.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование