X
 13.08.2023 Забава

Студент платил школарина со пари од продадени карти за концерт на Тејлор Свифт

Се чини дека целиот свет полудува по новата турнеја на Тејлор Свифт. Фановите кои не успеале да купат билети се толку очајни што се согласуваат да платат ненормално високи цени за да купат билети од препродавачите.

Еден американски студент објави видео на „Тик-ток“ во кое признава дека препродавал билети за концерт на Тејлор Свифт и ги искористил парите за да си ја плати школарината на факултет. Исак Џарман ги препродал своите билети за Тејлор Свифт за дури 14.000 долари, а во видео ѝ се заблагодарил на личноста која ги купила, додавајќи дека таа буквално му ја платила школарината.

- Се надевам дека ќе уживаш во концертот. Посакувам да бидам таму, но 14.000 долари се исто така прилично убави - рекол тој.

Билетите се за четвртиот ред, што е блиску до сцената.

@isaacjarman2 Replying to @SurnaWylder it was a hard decision though #swifttok #theerastour #taylorswift ♬ original sound - Isaac Jarman


Корисници на „Тик-ток“ коментирале дека сумата е превисока за билети за концерт на пејачката, а има и такви кои му биле лути на Џарман што ги продал билетите. Меѓутоа, тој открил дека не го гризе совеста за тоа, особено затоа што веќе гледал концерт на Свифт.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава