X
 14.07.2016 Образование

Колку пари потрошиле интернационалните студенти во Британија?

студенти

 

Интернационалните студенти придонесуваат една осмина од приходите на универзитетите, велат новите истражувања. Истражувањата исто така не пронашле докази за тоа дека присуството на учениците кои го изучувале англискиот како дополнителен јазик, влијае врз перформансите на соучениците чиј мајчин јазик е англискиот.


Пирходот за високо образование кој дошол од интернационалните студенти се зголемил за две третини од 7.7% на 12.7% помеѓу 2005/6 и 2014/15 академски години, велат податоците од Универзитетот во Оксфорд и Миграционата опсерваторија.

Надоместот за школување од студентите кои живеат во земји кои не се членки на ЕУ е 4.2 милијарди фунти во 2014/16 година.

Другите анализи биле направени врз учениците во Британија со англиски јазик како дополнителен јазик, во кој биле вклучени и децата кои се преселиле во Велика Британија и оние кои биле родени во Велика Британија - анализите покажале дека тие имале понизок успех, меѓутоа овој ефект значително се намалува со возраста и во голема мера е елиминиран до 16 години.

„Не постојат докази дека учениците чиј дополнителен јазик е англискиот негативно влијаат врз постигнувањата на учениците чиј мајчин јазик е англискиот“, вели истражувањето.

„Миграцијата јасно има големо влијание врз составот на учениците во Велика Британија, особено во Лондон. Ова претставува логистички предизвик за училиштата и локалните власти, но досега нема докази дека резултатите влијаат врз децата чиј мајчин јазик е англискиот“, вели Медлин Самптон, директорка на Миграционата опсерваторија.

„Се'уште е многу рано да се предвиде влијанието на миграцијата врз образованието во врска со одлуката на Британија да ја напушти ЕУ. Нема да знаеме некое време како и дали миграционата политика ќе се промени, со што планирањето е малку отежнато“, додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование