Истражувачите неодамна создале нов лек кој ја намалува и уништува катарактата, односно пердето на окото. Ова е најголема причина за појава на слепило кај луѓето, од која се оштетени десетици милиони луѓе низ светот.
Катарактата не може да се шири од едно око на друго, но се шири во окото кадешто се наоѓа, поради што може да предизвика слепило. Нови истражувања спроведени на Универзитетот во Калифорнија откриваат нов лек кој може да го реши проблемот.
Истражувачите се надеваат дека ќе го елиминираат моменталниот третман на катарактата. Се работи за капки за очи кои го разложуваат катарактата во окото.
Лекот сè уште не бил тестиран на луѓе.