X
 28.05.2019 Живот

70 oтсто од луѓето тврдат дека можат да го слушнат овој гиф. За што станува збор?

На прашањето како може да се слушне звукот на тишината, може да си одговорите себеси гледајќи некои гиф-анимации за кои повеќе од 70 отсто од луѓето тврдат дека ги слушаат.

Карактеристиката на гифот е што станува збор за кратка анимација што не носи звук, за разлика од видеото. Но, на „Твитер“ луѓето често прашуваат како е можно кога гледаат гиф, некогаш да слушаат звук?

Д-р Лиса Дебрун од Универзитетот во Глазгов поставила анкета за да го истражува овој феномен. Според резултатите што ги добила, повеќе од 75 отсто од луѓето тврдат дека слушнале звук од некој гиф, а 4 отсто тврделе дека слушнале „нешто друго“.

Познато е дека на перцепцијата на звукот може да влијае визуелната импресија, а овој феномен се ограничува само на случајот со гифови што немаат звук.

Ефектот Мекгурк - кога мозокот е излажан со одредени визуелни содржини, врз чија основа се создава чувството за звук, беше објаснет во програмата на Би-би-си:



Познато е дека околу 5 отсто од населението имаат синдром на синестезија - феномен кога информацијата е примена преку едно сетило (на пример, уво), а може да се перцепира како да е примена од страна на друго сетило (на пример, јазик). Ова истражување покажа дека многу повеќе луѓе слушаат движење, односно доживуваат звук како реакција на некој визуелен стимул. И тој научен феномен не е ограничен само на оние што поседуваат синестезија.

Кога одредено визуелно прикажување создава когнитивно оптоварување поголемо од она што мозокот може да го поднесе, мозокот има тенденција објективно да го спречи оптоварувањето и прикажувањето да го замени со некое претходно искуство/стереотип.

Но постои делумна можност самиот опис над гифот, врз чија основа очекуваме да го слушнеме гифот, да нè наведува да слушаме звуци што не постојат.

Интернет-корисниците сметаат дека за феноменот придонесува и ефектот на земјотрес, што настанува доколку камерата доволно се затресе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот