X
 30.07.2015 Култура

До 2022 година светот ќе добие нова најнаселена држава

Моментално, Кина е најнаселената земја во светот, но тоа ќе се промени наскоро. Новите проценки од Обединетите Нации предивдуваат дека до 2022 година, Индија ќе биде на врвот на листата.


Според новиот извештај за светското население на Обединетите нации, до 2030 година, светот ќе има 8,5 милијарди жители. До 2050 година, бројот ќе изнесува 9,7 милијарди, а до 2100 година на Земјата ќе живеат 11,2 милијарди луѓе.

- Глобалните предвидувања не треба да бидат причина за аларм, мора да сфатиме дека концентрацијата на растот на населението во сиромашни земји претставува предизвик, со кој се отежнува решавањето на проблемот со сиромаштијата. - изјави Џон Вилмот, директор на одделот за населеност на Обединетите нации.

Растот на населенито ќе доминира во Азија и Африка во следниот половина век, а само 9 земји ќе имаат половина од светското население до 2050 година. Тоа се Индија, Нигерија, Пакистан, Конго, Етиопија, Танзанија, САД, Индонезија и Гана.

Нигерија ќе биде третата најнаселена земја до 2050, со што ќе ја надмине САД.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура