X
 06.12.2015 Култура

Индиско село без влезни врати и без криминал


Шани Шингапур се наоѓа во сојузната држава Махараштра, Индија. Оваа држава е една од најопасните држави во Индија во поглед на криминалот. Но, во селото Шани Шингапур нема врати. Во него има приближно 300 објекти, меѓу кои и училишта и продавници, а на ниту еден од нив нема врата или клучеви.

Селаните веруваат дека целото село е заштитено од Бога, а ова верување функционира бидејќи во селото нема никаков криминал.

Првото криминално дело се случило во 2010 година кога биле украдени вредни предмети од автомобил на турист. Во 2011 година, еден вработен бил ограбен во храм. Се случиле уште само неколку криминални дела.

Според верувањето на селаните, не се потребни врати онаму кадешто се има вера. Селото има околу 5.000 жители. Приближно 10.000 луѓе го посетуваат селото секој ден.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура