X
 29.06.2017 Живот

Трикови со кои ќе бидете шармантни без да вложувате напор

Од првиот момент кога ќе влезете во просторија, луѓето знаат да Ви судат. За среќа постојат начини со кои може да добиете подобри коментари од нивна страна.

Сигурно сте наишле на некого кој откако влегол во просторија успева да ги освои повеќето и излегува од нив со неколку нови пријатели. Што ги прави толку допадливи?

Факторите кои го одредуваат успехот со другите луѓе и впечатоците кои ги оставате може да почнат уште пред да ги сретнете. Истражувањата покажуваат дека луѓето најмногу судат врз основа на изгледот, доверливоста и способностите по само 10 секунди откако не здогледале.

Имајте среќно лице

Секако можеби не можете да ги контролирате физичките својства на лицето, но може да го промените изразот и да се смеете. Според исражувањата на Тодоров, кога лицето е посреќно, тоа повеќе влева доверба.

Луѓето го примаат лицето со насмевка како доверливо, потопло и друштвено.

„Добрата вест е дека брзо може да се надмине првиот впечаток кој е врз основа на изгледот. Ако имате можност да запознаете некого, кога ќе добиете добри информации за нив, ќе се промени и начинот на кој ги гледате,“ вели Александер Тодоров, професор по психологија на Принстон универзитетот.

Канализирајте го шармот


Спротивно на популарните верувања, да се биде допадлив значи да се има бенефит од тоа и во бизнисот. Претприемачите со подобри социјални вештини се подопадливи и е поверојатно да бидат успешни.

Сузан де Јаназ, професор по менаџмент на универзитетот во Сиетл вели дека интерперсоналните вештини стануваат сѐ поважни на работното место, бидејќи организациите во последните години ги отстранија постарите хиерархиски структури.

Најдобро од сѐ е да се обучите да бидете шармантни

Трите главни работи кои треба да се поседуваат кога се пристапува кон некој се малку подигнати веѓи, навалена глава и насмевка.

Нашите мозоци ја испитуваат околината за сигнали за пријатели или непријатели и овие три компоненти се клучни да се идентификуваат тие луѓе. Златното правило за пријателството е ако ги направите луѓето да се чувствуваат добро, тие ќе Ве засакаат.

Одржувајте контакт со очите и фокусирајте се на различните бои во нив. Со тоа ќе им дадете до знаење дека сте заинтересирани. Наместо да им ласкате Вие, дозволете тие да си ласкаат сами за себе си.

Најдете заеднички работи

Шармантните луѓе најчесто имаат способност да најдат заеднички работи со луѓето со кои комуницираат, дури и кога нема многу за што да разговараат. Кога не се согласувате, обидете се да ги слушате другите, а не да давате свој одговор. Секогаш е добра идеја да се разговара за тековни настани и вести од индустријата затоа што тоа се работи што најмногу им се заеднички на другите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот