X
 18.12.2019 Технологија

Најдолг прекин на интернет во историјата

Оневозможување интернет во нестабилниот муслимански регион Кашмир во планинската област на границата со Пакистан по траење е најдолгиот прекин на интернет на кој се одлучила некоја влада во светот и трае подолго од досегашните рекорди во Мјанмар и Кина.

Интернетот во тој регион, кој сака да се отцепи од Индија и да му се придружи на Пакистан, е прекинат од крајот на јули 2019 година.

Индија е зад Кина како најголем светски интернет-пазар со повеќе од 650 милиони корисници. Во 2019 година имаше најголем број прекинувања на пристап до интернет во светот, или 70 проценти од регистрирани прекини низ целиот свет.

Таквото однесување на владата на Индија не само што му наштети на угледот на земјата во светот, туку и значително ѝ наштети на нејзината економија.

Според студијата на индискиот Совет за истражување на меѓународни економски односи, индиската економија претрпе загуба од три милијарди американски долари како резултат на прекинот на интернет во земјата во периодот 2012-2017 година.

Владата на Индија го ограничува пристапот до интернет од 2010 година, но фреквенцијата, географската дистрибуција и времетраењето на тие суспензии драматично се зголемија во последните години.

Откако актуелната влада дојде на власт, суспензиите се речиси двојно зголемени. ОН го осудија делото во минатото, нарекувајќи го кршење на човековите права. Индиската влада го наведува тероризмот како причина за последното оневозможување на интернетот на подрачје каде што живеат 32 милиони луѓе.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија