Допишувањето и проверувањето на социјалните мрежи на мобилните уреди е дел од нашето секојдневие, а се чини дека ова секојдневие го менува човекот суштински. Ново истражување наведува дека многу луѓе создаваат сосема нов начин на одење кој им овозможува да се движат низ просторот и истовремено да го користат телефонот.
Луѓето кои често ги проверуваат своите мобилни телефони додека одат несвесно ги кратат своите чекори и го продолжуваат времето во кое двете нозе се во контакт со површината, поради што повишените објекти може да им претставуваат препрека. Поради тоа, поединците го прилагодуваат сопственото одење за да се носат со препреките, велат научниците.
На истражувањето работеле научници од Универзитетот во Бат и Универзитетот во Тексас, чии испитаници биле лица на возраст од 18 до 50 години. Изминатата година, пак, научници од Универзитетот во Квинсленд открија дека користењето на мобилните уреди во текот на одењето создава поголема веројатност да се изгуби балансот.
Се заклучува дека човекот полека целосно го менува начинот на своето одење и на одреден начин еволуира.