Ви падна телефонот и екранот се скрши? Сигурно има нешта во телефонот кои би сакале да си ги зачувате пред да го дадете на поправка или да го замените за нов. Или, пак, можеби не можете во моментот да си дозволите нов телефон. Како да продолжите да го користите телефонот со скршен екран?
Може да се каже дека имате среќа ако екранот е само делумно скршен и некои делови од него одговараат на вашите команди. Доколку не е така, вие сте во неволја.
Ако поседувате „Ајфон“
Сѐ уште можете да го командате телефонот отклучувајќи го со отпечаток од прст, иако сѐ уште ќе мора да се справувате со скршениот екран и веројатно нема да можете да влезете во поставките. Држете го копчето за отклучување додека не се вклучи Siri. Потоа кажете му на личниот асистент да го вклучи VoiceOver. Можете да го користите кој и да е дел од вашиот екран кој сѐ уште го регистрира вешиот прст и гестикулации. Користете го овој трик за да го внесете пинот ако не ви работи отклучувањето со отпечаток. Овој метод ќе ви овозможи да направите сѐ што треба на телефонот.
Исто така, можете само да го поврзете телефонот со компјутерот и да си ги префрлите фотографиите или снимките. Со трикот со VoiceOver дури и ќе можете да му дозволите на нов компјутер да се поврзе со вашиот телефон.
Ако екранот воопшто не ви функционира, поврзете го телефонот со УСБ тастатура преку кабелче. Отклучете го телефонот, а потоа користете го трикот со VoiceOver.
Ако телефонот ви е „Андроид“
Можете да го направите истиот трик со тастатурата, со помош на која ќе го отклучите телефонот.
Исто така, можете и да пробате да вклучите MTP mode во УСБ конфигурациите за да можете да си ги префрлите податоците од телефонот.
Ако ви е вклучена опцијата USB Debugging mode или пак некако можете да ја вклучите, можете да ја искористите и алатката Scrcpy за да го контролирате телефонот. Од
помош може да ви биде и софтверот на „Самсунг“, Smart Switch или Kies.