Научниците, истражувачите и академците низ целиот свет се согласуваат: Згрешивме за многу работи. Светот се уништува самиот, а за тоа сме виновни ние, луѓето. Климатските промени се тука и нема бегање од нив, а истите веројатно ќе влијаат на секој аспект од нашите животи во текот на векот. Никој не е среќен за ова. Експертите веќе работат на идеи и методи за поправање на ситуацијата и за наше опстојување. Следуваат неколку технологии на кои луѓето ќе им бидат неопходни за преживување на природните катастрофи кои следуваат.
Имунотерапија
Онкологијата се труди да најде дефинитивен лек за ракот, една од најчестите болести на денешницата, но болеста е многу комплицирана и разновидна. Полесто на имуноонкологијата, со која телото го користи сопствениот одбранбен систем за напад на канцерогените клетки, ветува успешно третирање на болеста. За 10 години отсега, речиси секој заболен од рак ќе биде третиран со имунотерапија.
Бионички органи
Органите може да откажат од повеќе причини, како клеточна смрт, болест или трауми. Околинските закани за нашите органи може да ги надминеме со користење подобри, роботски органи. Револуцијата во ова поле се случува во моментот. Во светот веќе се тестираат вештачки срца, а истовремено напредуваме во 3-д принтањето на органите или деловите од органите. Најголемата закана за човештвото можеби е природна катастрофа која ќе ни го скрати чистиот воздух за дишење. Вештачките или бионички бели дробови може да нè спасат.
Контрола на температурата
Секако, ова не е само за преживување. Софистицираната облека која ја одржува температурата на телото во најекстремни услови може да биде мошне корисна, без разлика дали се соочуваме со глобално загревање или ледено доба.
Алтернативи за храна
Што доколку би можеле да го елиминираме јадењето и пиењето? Милиони луѓе во светот умираат секоја година од труење со храна, проблеми со исхраната и слично. Колку помалку органи ни требаат, подобри би ни биле животите и можеби би било полесно да се елиминира потребата од храна и вода, што би го олеснило нашиот живот во иднина.
Но, ова е само сон, барем засега. Доколку веќе не можеме да ја елиминираме зависноста од храната, би било мудро да најдеме алтернативен начин на внесување калории кој е здрав.
Научниците веќе имаат неколку идеи, меѓу кои најпопуларната е онаа за синтетичката храна. Синтетичкото месо создадено со матични клетки веќе е реалност.