X
 25.03.2017 Образование

Просечните студенти полесно поминуваат по завршувањето на факултетот

Дека оценките од студирањето не се единствено мерило на успехот говорат бројни примери каде просечните студенти по завршувањето на факултетот постигнале многу повеќе во животот од оние кои биле најдобри во своите генерации. Еве ги можните причини зошто е тоа така.

Го преиспитуваат академскиот систем

Просечните студенти се свесни на позитивните работи што ги нуди образовниот систем, но сепак се критични и подготвени да ги посочат сите недостатоци што ќе ги констатираат во него. Тие знаат дека постојат разни други форми на учење, кои не се опфатени во академскиот систем.

Тие не се покорни следбеници

Мислат со своја глава и секогаш ги преиспитуваат појавите околу себе. Не прифаќаат друг да им поставува норми како да го живеат својот живот.

Не се трудат да ги импресионираат надредените

Ги почитуваат и ги сакаат своите професори, но не се оптоваруваат со тоа да ги импресионираат и да го исполнат секое нивно барање. Просечните студенти  сфаќаат дека во денешниот свет тие не зависат од оние што ги подучуваат, туку дека успехот во нивната работа говори за нив самите.

Се грижат за други работи

Иронично, но кога сте преоптоварени со своите оценки, тогаш имате помалку време да мислите за вашата иднина. Просечните студенти поинаку управуваат со своето слободно време и се обидуваат да ги следат своите соништа. Тие не чекаат да завршат со факултетот, за да започнат да го живеат својот живот.

Имаат своја дефиниција за успехот

На одличните студенти единствена сигурност им се добрите оценки, додека пак просечните копнеат по искуство. Знаат кои се и што се и не дозволуваат оценките да им бидат единствениот  показател на успешност. Тие си ги создаваат сопствените патишта по кои ќе одат.

Преферираат самостојно учење

Просечните студенти всушност сакаат да учат, но без некој да им кажува како треба да размислуваат. Тие сакаат самите да се истражуваат и да го учат она што им е интересно.  Најчесто се потпираат на својата страст и пасијата.

Не се перфекционисти

Она што веќе е направено секогаш е подобро од совршеното. Ним им е најважно да се завршат работите, а свесни се дека перфекционизмот само ги одолговлекува. Не им е пробем да учат од сопствените грешки и тоа е причината зошто денес многу успешни луѓе, некогаш се „мачеле“ во текот на студирањето.

Не ја трошат енергијата непотребно

Просечните студенти знаат како со најмалку вложен напор да стигнат до посакуваната цел. Нивната примарна цел е да научат, а сè што оди над таа рамка, за нив е непотребно растурање на енергијата. Тие се ефикасни и фокусирани.

Тие мечтаат и сонуваат

Просечните студенти размислуваат за големите работи кои ќе ги направат во животот и ги решаваат проблемите со своја глава. Наместо да фаќаат белешки од предавањата, тие ги усовршуваат своите идеи и планови, пишува Lifehack.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование