2017 беше година полна со носталгија благодарение на неколку поп-културни својства поврзани со минатото.
Добивме уште еден „Alien“ филм, а се враќа и „Blade Runner“ со новите визуализации што ја освои публиката. Во меѓувреме, „Stranger Things“ се врати на фантазијата на Спилберг што ги освои децата од 80-тите години, а „Twin Peaks“ повторно го оживеа агентот Купер за да разоткрие уште една мистерија од мистичниот ум на Дејвид Линч.
Сите овие филмови и ТВ-шоуа нè дека можат да променат многу работи во текот на неколку децении, но искуствата на една генерација можат да бидат многу поинакви од искуствата на наредните благодарение на напредокот во технологијата.
И додека дел од сериите ги потсетуваат генерациите од 30 години на нивната адолесценција без мобилни телефони, децата родени во 2018 година веројатно никогаш нема да го знаат чувството на „врзаноста“ со фиксниот телефон.
Технологијата во моментов напредува побрзо од кога и да - што друго родените деца во 2018 година ќе имаат можност само да го прочитаат во книгите или да го гледаат на телевизија?
Долгото, здодевно патување
Мобилните уреди и системите за забава го направија патувањето поинтересно. Иако човештвото нема направено многу за да ја зголеми брзината на авионските патувања за меѓународните авиони, сепак, неодамнешните случувања во транспортот веројатно ќе го забрзаат процесот на патување, што значи дека денешните деца можеби никогаш нема да искусат навидум бескрајни летови и патувања.
Суперсоничните авиони се враќаат и ќе може да превезуваат патници за само 3,5 часа. Додека овие авиони сигурно би патувале побрзо за мал број патници, физичките ограничувања и трошоците најверојатно ќе ги спречат да станат мејнстрим.
Сепак, хајперлуп-технологијата може да се покаже како прифатлив начин за патниците да го намалат времето на патување.
Возачки дозволи
Добивањето возачка дозвола во моментов е транзиција на тинејџерите од крајот на нивното детство до почетокот на зрелоста. До периодот кога денешните новороденчиња ќе наполнат 16 години, автономните автомобили ќе му стават крај на овој неофицијален ритуал, т.е. на потребата човекот да управува со возилата.
Бидејќи поголемиот дел од несреќите се предизвикани од човечка грешка, отстранувањето на човекот од равенката може да помогне да се спасат животите на луѓето од сите возрасти, па автономните возила се сериозен приоритет. Илон Маск, извршниот директор на „Тесла“, е убеден дека неговата компанија за производство на автомобили ќе произведува целосно автономни возила во наредните две години.
Биолошки монопол за вештачката интелигенција
Автономните возила се само еден пример за иновации овозможени со напредокот на вештачката интелигенција.
Денес имаме системи на вештачката интелигенција што ги надминуваат човечките експерти за конкретни задачи, како што е играње шах или сортирање материјали за рециклирање. Сепак, експертите предвидуваат дека свесните вештачко-интелигентни системи што претставуваат ривали на човечката интелигенција се оддалечени само неколку децении.
Напредните роботи, како роботот Софија, веќе ја заматуваат линијата помеѓу човештвото и машините. Наредните неколку децении ќе продолжат да ги поместуваат границите неколку сантиметри поблиску и поблиску.
Јазични бариери
Друга ветувачка употреба на вештачката интелигенција е комуникацијата, и на крајот, технологијата може да ја прекине јазичната бариера на Земјата.
Комуникациските алатки како „Скајп“ веќе имаат вградено способности за преведување што им овозможуваат на говорниците на неколку јазици слободно да разговараат во реално време, а „Гугл“ ги вклучи способностите за преведување во нивните нови слушалки.
Децата родени во 2018 година ќе растат во свет во кој секој ќе може да разговара со секого, а идејата за „странски“ јазик ќе изгледа целосно странска.
Човештвото како еден вид
Технологијата што ја подобрува човечката комуникација може радикално да влијае врз нашиот свет, но на крајот можеби ќе треба да пронајдеме начин да комуницираме со вонземјаните. Световите до кои стигнуваме оваа година можеби не содржат интелигентен живот, но првите пресвртници на патот кон таквата иднина веројатно ќе бидат достигнати во следните неколку децении.
Илон Маск се обидува да ја истражува вселената со цел да развие технологија за преселување на луѓето на Марс. Тој смета дека ќе може да состави тим до 2024 година, така што децата денес можеби нема да се сеќаваат на времето пред космичкото слетување на човештвото што се протегало надвор од една планета.
Тивка вселена
Пренаселеноста е еден од факторите што експертите ги посочуваат кога разговараат за потребата од ширење на човештвото во вселената. Урбаното ширење е проблем на Земјата со децении и доведува до континуирано уништување на шумите и елиминирање на просторот за земјоделство.
Сепак, помалку дискутиран проблем предизвикан од континуираното ширење на урбанизацијата е зголемувањето на загаденоста од бучавата.
Експертите се загрижени дека бучавата брзо станува следната голема криза за јавното здравје. Податоците собрани од страна на Обединетите нации проценуваат дека до 2100 година 84 отсто од 10,8 милијарди граѓани во светот ќе живеат во градовите, опкружени со звук.
Намалувањето на бројот на луѓето што живеат во областите каде што нема бучава значи дека многу новородени деца денес никогаш нема да знаат како е да уживаат во звукот на тишината.
Светски глад
Урбанизацијата може да го ограничи просторот што е достапен за традиционалното земјоделство, но благодарение на иновациите во земјоделството, недостигот на храна наскоро може да стане минато.
Урбаното земјоделство брзо се развива во голема индустрија што носи свежи производи, па дури и риба на многу пазари кои претходно се сметале за пустини за храна. Вертикалното земјоделство ќе донесе поголем пристап до недоволно засегнатите подрачја, со што ќе биде можно повеќе од кога било да не постои глад во урбаните средини.
Ако овие иновации се реализираат, децата родени во 2018 година ќе пораснат во свет во кој секој човек на Земјата ќе има пристап до храната што му е потребна за да живее здрав и среќен живот.
Валути од хартија
Доаѓањето на кредитните картички може да биде првиот голем удар за готовината. Денес, валутата од хартија се соочува со „Пејпал“, „Венмо“, „Епл Пеј“ и многу други опции за исплата.
Кога новороденчињата родени во 2018 година во иднина ќе работат, ќе имаат пристап до уште повеќе опции за исплата, а готовината целосно ќе биде отстранета.
Во оваа трка, криптовалутите се оние што победуваат. Технологијата блокчејн ја додава потребната безбедност за финансиските трансакции. И додека криптопазарот моментално е нестабилен, експертите се оптимисти за својот потенцијал за трајно нарушување на финансиите.
Дигитална несигурност
Денес, дигиталната несигурност е главен предмет на загриженост. Хакерството се појавува на меѓународно ниво, а растот на интернетот на нештата, дури и на апаратите за домаќинство, може да биде точка на слабост во одбраната со која се чуваат личните информации.
Експертите жестоко се обидуваат да го одржат развојот на безбедноста во чекор со сеприсутноста на дигитализацијата. Во иднина, кога децата родени во 2018 година ќе станат полнолетни, висококвантната енкрпиција би можела да осигури дека
дигиталниот свет во кој тие ќе се движат не ќе може да се пробие од хакерите.