Иако штотуку беа прогласени за домаќини на Зимските олимписки игри во 2022 година, Пекинг веќе е преплавен од критики.
Имено, Кина претстави официјална песна за игрите, а таа звучи премногу познато. Критичарите наведуваат дека се работи за плагијат на песната „Let it go“ од анимираниот филм „Frozen“ на „Дизни“.
Песната наречена „The Snow and Ice Dance“ е изведена од кинеските пејачи Сун Нан и Тан Џин и е една од 10-те официјални песни за игрите.
Звучи познато?