„Fairytale of New York“ е напишана во ноември 1987 година, а со тек на времето прераснала во една од најомилените и препознатливи божиќни мелодии. Насловена е по новелата на авторот Ј.П. Донливи „
A Fairytale of New York“.
Со текот на годините станала божиќен класик како во Ирска, така и во Англија, но и во бројни делови на светот, а неколку пати прогласувана е за најдобра божиќна песна во историјата. Од соработката помеѓу бендот „The Pogues“ и починатата кантавторка Кристи МакКол произлегла химната на сите оние со срушени соништа и изгубена надеж.
Во песната се зборува за ирските мигранти кои во 19 век се преселиле во Америка, каде што соништата за подобра иднина не им се оствариле. Се надевале дека тамо ќе успеат како забавувачи, но на многумина тоа не им успеало па завршиле на улиците на Њу Јорк како бездомници. Целта на оваа песна била да се отстапи од стандардните божиќни шаблони според кои Божиќ на сите им изгледа како оној од американските филмови.
Песната е создадена како фантазија за празниците на еден пијан бездомник, онакви празници какви што посакувал, но не можел да ги има заради изгубената љубов, додека другиот дел од песната е сеќавање на двајца ирски мигранти и љубовници за соништата од младоста кои ги спречила зависноста од дрога и алкохол.
Постојат две верзии според кои оваа песна настанала. Едната е онаа каде што хармоникашот Џејмс Фиарнли тврди дека менаџерот Френк Мареј барал да извршат преработка на песната „Christmas Must Be Tonight“, но тие повеќе сакале да напишат своја, а другата е верзијата на фронтменот Шејн МекГован кој вели дека тогашниот продуцент на бендот Елвис Костело му рекол, односно предизвикал, дека сигурно не може да напише божиќен дует кој би го отпеал со тогашната басистка Каит.
Кирсти МекКол животот го изгубила во 2000 година пред Божиќ во никогаш до крај разјаСнета несреќа на нуркање некаде во мексикански залив кога на неа налетал глисер. Песната по нејзината смрт добила уште потажна димензија.